17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број заразени лица достигна 4.768.

На порастот на нови случаи претходеше одлуката на премиерот Шинзо Абе да воведе итни мерки во Токио и шест други области, со кои се бара од луѓето да го намалат физичкиот контакт за најмалку 70 проценти. На локалните власти им беше дадена можност да воведат построги мерки за контрола на движењето, но без казнување на сторителите.

Во Токио, граѓаните се повикуваат да не ги напуштат своите домови, но многу фирми се двоумат дека ќе дозволат работа од дома, што ја доведува во прашање ефективноста на државните мерки./Makfax

Спонзорирано: