Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот ден во САД од појавата на коронавирусот од што досега починаа најмалку 1.344 луѓе.

„Хаосот и збунетоста што ги предизвика Трамп на најтрагичниот ден беа неверојатни дури и за неговите стандарди. Наместо да ја смири нацијата во време на најголема криза од Втората светска војна, Трамп се пресметуваше со противниците и ја повика дури и СЗО. Ова беше тешко за гледање“ пишува Си-ен-ен.

Трамп рекол дека не видел допис од еден од неговите главни советници Питер Навар, кој го предупреди дека во САД би можело да има и до 100 милиони заразени, како и 1-2 милиони починати луѓе од коронавирусот.

Тој ја нападнал СЗО, предупредувајќи дека Америка, која е најголем спонзор на организацијата, би можела да го намали или целосно да го укине финансирањето на СЗО.

„Погрешија. Предоцна прогласија пандемија, а требаа тоа да го сторат многу порано. Супер е кога такви организации добро функционираат, но тие во овој случај се направија погрешно и застанаа на страната на Кина. Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО“ порачал Трамп, а по само една минута рекол дека само ќе размисли за таков чекор.

Трамп го смени главниот инспектор на Министерството за одбрана, Глен Фини, кој требаше да надгледува како ќе се трошат речиси 2.000 милијарди долари економска помош, која Конгресот ја изгласа.

Трамп го смени и портпаролот на Белата куќа, Стефани Гришам, што е четврта смена во амдинистрацијата на Трамп, откако во петокот го смениглавниот инспектор на разузнавачката заедница Мајкл Аткинсон, кој пријави во Конгресот информации кои доведоа до гласање на (не)доверба на Трамп минатата година./Makfax

error: Соддржината е заштитена.