21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави Би-би-си.

Мауро Ферари, претседател на Европскиот истражувачки совет, ја критикуваше ЕУ поради тоа што го одбила неговиот предлог за воспоставување опсежна научна програма за борба против Ковид-19.

Во изјава, која ја објави „Финаншал Тајмс“, Ферари исто така утврдил дека државите членки не успеале да ги координираат своите здравствени политики.

Европската комисија не ја коментираше оставката на Ферари./Makfax

Спонзорирано: