7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Бебе заразено со коронавирус во Македонија

Бебе на возраст од неколку месеци е заразено со коронавирус, јавува „Слободен печат“, повикувајќи се на извори од Министерството за здравство.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје, во кој на дневно ниво се соопштува возраста на заболените, денеска е заведено дека таа се движи од 0 до 91 година.

Претходно, најмалиот пациент заразен со Ковид-19 имаше две години.

Министерот за здравство Венко Филипче, на една од претходните прес конференции запрашан за тоа како коронавирусот ги афектира новороденчињата, рече дека во научните студии досега не е пронајден случај на вертикална трансмисија на вирусот од мајката на бебето.

Спонзорирано: