19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

(Видео) Британската кралица: Ја разбирам вашата болка и тага, заедно ќе ја надминеме кризата

Самодисциплина и решителност е пораката која британската кралица Елизабета Втора вечерва им ја испрати на Британците во овие тешки моменти предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Ова е едно од нејзините ретки обраќања до нацијата, кое беше емитувано на телевизија, радио и на социјалните мрежи.

„ Оваа пандемија го смени целиот наш свет. Ги разбирам тагата и болката, но и финасиските проблеми со кои се соочуваат Британците во ова тешко време. Заедно ќе ја пребродиме оваа криза. Ако останеме обединети, ќе успееме. “ рече таа.

Таа им се заблагодари на здравствените работници, кои имаат клучна улога во лекувањето на заболените со коронавирус. Во годините што следат, рече таа, се надева дека секој ќе може да се гордее на начинот на кој одговориле на овој голем предизвик.

Спонзорирано: