13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Тигар од зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирус

Надиа – четиригодишна женка тигар од зоолошката градина во Њујорк е позитивна на коронавирусот. Ова е првиот потврден случај на заразено животно со Ковид-19 во САД и тигар во светот.

Се претпоставува дека животното е заразено од работник во зоолошка градина Бронкс, позитивен на Ковид-19.

Зоолошката градина соопшти дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27 март, а во моментов нема други заразени животни.

„И покрај тоа што имаа намален апетит, сите тигри и диви мачки во зоолошката градина се чувствуваат добро“, велат од зоолошката градина.

„Се уште не знаеме како ќе се развие оваа болест кај големите мачки бидејќи различни видови различно реагираат на инфекции, но ние ќе продолжиме да ги следиме. Очекуваме тие целосно да се опорават“, додаваат тие.

Зоолошката градина Бронкс се затвори на 16 март, како дел од мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Спонзорирано: