9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Премиерот Борис Џонсон примен во болница поради симптоми на коронавирусот

Премиерот на Велика Британија вечерва е Борис Џонсон е примен во болница на тестови, 10 дена по тестирањето како позитивен на коронавирусот, соопшти Даунинг стрит.

Тој „продолжува да има постојани симптоми на коронавирус“, рече портпаролката – вклучително и висока температура.

Ова од надлежните е опишано како „чекор на претпазливост“ направен по совет на неговиот лекар.

Премиерот останува надлежен за владата и ги повика луѓето да ги следат неговите совети за социјално дистанцирање.

„По совет на неговиот лекар, премиерот вечерва е примен во болница на тестови“, рече портпаролката.

„Ова е чекор на претпазливост, бидејќи премиерот продолжува да има постојани симптоми на коронавирус десет дена по тестирањето позитивно за вирусот“.

Спонзорирано: