3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Починала мајката на сопругата на Претседателот – ќе се испитува дали се работи за коронавирус

Попладнево околу 13 часот на Клиниката за Пулмологија. почина мајката на сопругата на претседателот Стево Пендаровски.

Посмртно заради проверка , поради актуелната ситуација бил земен брис за проверка дали жената имала коронавирус.

Она што се знае е дека мајката на сопругата на Претседателот немала симптоми кои се слични на коронавирус, но сепак мора да се направи тест.

Досега на коронавирус не е тестиран Претседателот, но и ниту еден функционер во земјава со оглед дека немало потреба од такво нешто. Евентуално тестирање на семејството на починатата жена би имало само доколку се покаже дека таа имала коронавирус.