18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСИЗБОР

Кина повеќе не е во првите пет земји по бројот на заболени од коронавирус

Во светот бројот на заразени лица со коронавирус е 1.203.859, бројот на починати е околу 64.787, од ​​кои само 40.000 во Европа. Излекувани се 247.301 лица во светот.

Најголем број заразени се потврдени во САД, 311.637 лица. Вкупниот број на починати е 8.454, од кои најголемиот број во Њујорк – 3.565.

Во Европа, Шпанија има најголем број заразени лица – 126.168, по што следи Италија со 124.632 потврдени случаи. Оваа земја покажува знаци на забавување на епидемијата, но ситуацијата останува критична. Бројот на починати во Италија е 15.362 и е највисок во светот, што претставува дури 12,3 проценти од смртните случаи од коронавирус. Шпанија има 11.947 смртни случаи.

Германија е рангирана на четвртото место во светот според бројот на заразени лица со 96.092 случаи, а на петтото место е Франција со 89.953 заразени лица. Во Франција вчера се регистрирани 1.053 смртни случаи.

Кина во последните 24 часа регистрираше само 30 нови случаи, а три лица починаа, соопштија кинеските власти. Неколку дена по ред, Кина бележи значителен пад на бројот на новозаразени и починати. Вкупниот број на заразени лица во епидемијата е 81.669, 3.329 починале, додека 76.964 успешно се опоравиле. Според најновите податоци, Кина веќе не е меѓу првите пет земји во светот по бројот на заболени лица од Ковид-19.

Спонзорирано: