5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус, изјави претседателот Доналд Трамп, додавајќи дека и самиот тој не ги носи.

Трамп нагласил дека препораките не смеат да се сфатат како замена за мерките за социјална дистанца, кои се сметаат за клучни за забавување на ширењето на коронавирусот, кој досега во сојузната држава Њујорк одзеде повеќе човечки животи отколку во нападот на 11 сепетември 2001 година.

„Носењето маска е добороволно. Можете да ги користите, а и не морате. Јас одлучив да не носам маска, но некои луѓе ќе ја користат и тоа е во ред“ рекол Трамп.

На новинарско прашање зошто така одлучил Трамп потсетил не неговите состаноци со високи функционери.

„Кога се поздравувам со претседатели на други држави, премиери, диктатори, кралеви, кралици…Едноставно не се гледам во тоа“ објаснил Трамп.

Американскиот претседател вчера потпиша одредба со која и` нареди на својата администрација да го прекине извозот на маски за лице Н-95 и останати лични заштитни опреми во други земји./Makfax

Спонзорирано: