21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Шпанија ја надмина Италија по бројот на заразени, денеска починаа дури 932 луѓе

Бројот на заразени во светот вчера надмина 1.000.000 случаи и 50.000 починати. Според денешните податоци на „Ворлдометерс“ вкупно во светот има 1.015.877 заразени случаи, 53.218 починати и 212.993 излечени.

Откако минатата недела првото место од Кина го презеде Италија по бројот на заболени случаи, но и починати, пред неколку дена на прво место со најмногу случаи стигнаа САД, каде според проценките поради коронавирусот би можеле да починат и до 240.000 Американци.

Во Америка се забележани 245.380 случаи и 6.095 починати. Најлошо е во Њујорк. Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, изјави дека во неговата држава има 92.381 заразени со коронавирус, што сочинува 10 проценти од вкупниот број на заразени во целиот свет. Од вчера новозаразени се 8.669, а починале уште 432 луѓе или вкупно 2.373.

„Добра вест е тоа што се повеќе се излекуваат, но уште не знаеме кога ќе го достигнеме врвот на болеста. Според моделите тоа можеме да го очекуваме за седум до триесет дена. Но проблем е тоа што немаме доволно респиратори. Ќе останеме без нив за шест дена“ рекол Куомо и додал дека очекува околу 16.000 жртви во Њујорк.

Италија и Шпанија со САД се единствени земји во светот со над 100.000 случаи.

Шпанија утрово ја надмина Италија по бројот на заразени со коронавирус, има 117.710, а само во еден ден починале 932. Вкупно смртни случаи во Шпанија досега има 10.935. Над 30.000 оздравеа. Во Италија бројот на заразени е 115.242, на починати 13.915, а на оздравени е 18.278.

Жртви на коронавирусот најчесто се постари лица, но бројни случаи покажаа дека болеста може да ги погоди и децата со силен имунолошки систем.Таквите случаи ги вклучуваат и смртта на 13-годишни деца во Франција и Велика Британија, како и 12-годишничка во Белгија./Makfax

Спонзорирано: