5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Има ли граница за неодговорноста на овој човек? Мицкоски јавно лажеше дека има само 100 теста за корона, а само во ИЗЈ има 4.500

Во денешното интервју на Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно кажа дека поред негови информации во државата имало само стотина тестови за испитување на коронавирусот и изрази загриженост за капацитетот на македонското здравство.

Само еден час подоцна Министерството за здравство соопшти дека само во Институтот за јавно здравје има 4.500 тестови за коронависрусот што е многу повеќе отколку тоа што тврдеше Мицкоски.

Лажното тврдење на Мицкоски дека имало тестови само за уште еден ден внесе немир и вознемиренсот меѓу граѓаните, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со таквиот потег се обиде да го поткопа јавното здравство и тоа во моменти кога очите на целата јавност се вперени во здравствениот систем.

Таквото однесување на Мицкоски е срамно, неодговорно, неприкладно на човек кој е дел јавниот и политичкиот живот во државата.

Јасно е дека во изборна година сите се борат за повисок рејтинг и доверба меѓу граѓаните, но она што го прави Мицкоски е опасно по јавното здравје, опасно по здравствениот систем.

Во историјата на независноста државата не памети ваква здравствена и економска криза, но и тоа очигледно не го спречи Мицкоски наместо да нуди решенија и помош, да тера партиска пропаганда, да се заканува со кривични пријави, по што јавноста со право го поставува прашањето Има ли граница неодговорноста на Мицкоски и до каде е подготвен да оди само за да добие политички поен плус?

Спонзорирано: