13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Холандски научници го потврдија присуството на коронавирусот во канализација

Холандските научници успеаја да го пронајдат коронавирусот во градските отпадни води пред да се пријави случај на инфекција со Ковид-19, со што го претставија новиот систем за рано предупредување за болеста што предизвикува пневмонија, пишува „Блумберг“.

Коронавирусот САРС-КоВ-2 често се лачи во столицата на заразено лице. Иако е малку веројатно дека инфекцијата ќе се пренесе преку канализацијата, зголемувањето на циркулацијата на патогени во заедниците ќе ја зголеми количината што се влева во канализациските системи, изјавија Гертјан Медема и колегите од Институтот за истражување на водите во КВР во Невеген.

На 5 март тие го пронајдоа генетскиот материјал на коронавирусот во пречистителната станица за отпадни води во Амерсфорт пред да се пријави некој случај во градот, кој се наоѓа на 50-ина километри југоисточно од Амстердам.

На 27 февруари Холандија го потврди својот прв случај на Ковид-19 и откри дека неколку дена подоцна здравствените работници заболеле од инфекција во јужниот дел на земјата, што значи дека вирусот се шири.

Медема и неговите колеги од Институтот за истражување на водите известија дека ова е првиот извештај за откривањето на САРС-КоВ-2 во канализацијата.

„Откривањето на вирусот во канализацијата, дури и кога концентрацијата на коронавирусот е мала, укажува на тоа дека надзорот на канализацијата може да биде одлична алатка за следење на циркулацијата на вирусот“, велат експертите./Makfax

Спонзорирано: