10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Коронавирусот стигна во шумите на Амазонија, заразена девојка од племето Кокама

Припадничка на домородно население во село што се наоѓа длабоко во Амазонија е заразена со коронавирус, што е прв таков случај кај повеќе од 300 бразилски племиња, објави денес бразилското Министерство за здравство.

Деветнаесетгодишна девојка од племето Кокама, кое живее во близина на границата со Колумбија, се заразила така што работејќи како медицинска сестра посетила неколку племиња.

Потврдени се четири случаи во истата област, вклучувајќи и лекар, со што се засилени стравувањата дека со вирусот може да се заразат и оддалечени и незаштитени заедници.

Здравствените експерти предупредуваат дека ширењето на вирусот може да биде смртоносно за околу 850.000 домородни народи кои живеат во Бразил и веќе десеткувани од болести донесени од Европејците, од сипаници до маларија./Makfax

Спонзорирано: