13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Состојба со коронавирусот во Македонија до 14 часот

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти на домашно лекување. Во изминатите 24 часа се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19, по градови: Скопје-7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија-1 и Кочани-1.

Вкупната бројка на хоспитализирани пациенти изнесува 354. Според местото на живеење во Скопје-183, Куманово-54, Дебар-47, Штип-15, Прилеп-12, Тетово-13, Струга-9, Велес-6, Битола-4, Охрид- 3, Кавадарци-2, Гевгелија-2 и по еден пациент во Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Кочани. Од 28-те пациенти во Дебар, коишто се наоѓаат на домашно лекување, на 11 од денеска и во следните денови им се земаат контролните брисеви, согласно нивната состојба и согласно податоците ќе се постапи во однос на нивниот натамошен третман.

На Инфективната клиника, вчера се примени девет нови пациенти, вкупно 59 се хоспитализирани – од кои 12 се со потешка клиничка слика, а пет пациенти се поставени на механичка вентилација. За жал, имаме уште еден смртен случај, тоа е пациентка на 65 години со бројни претходни заболувања на белите дробови, зголемен крвен притисок, дијабет, хронична болест на срцето.

Спонзорирано: