18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Приватна болница денеска вршела тестирања на граѓани – од 327 тестирани, 54 позитивни на коронавирус

Во приватна болница денес биле регистрирани нови 54 случаи на коронавирус, јавуваат медиуми.

Денеска (1 април) во приватната клиничка болница, со т.н. брзи серумски тестови , биле тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни.

Сепак за ова нема потврда од Министерството за здравство, кое во случајов би требало да биде единствено надлежно за јавно соопштување на вакви податоци.

 

На ваквото објавување податоци со појаснување излезе министерството за здравство кое го проследуваме во продолжение:

Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во Систина, Министерството за здравство го појаснува следното.

Тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции. Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус.

За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти тела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.

ажурирано во 23:11 – 01.04.2020

Спонзорирано: