14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија.

Пред само четири дена, црниот биланс во светот беше 30.000, што покажува колку брзо се зголемуваат смртните случаи и колку тешко европските нации се погодени од оваа зараза.

Освен Италија, најголем број смртни случаи во Европа имаат Шпанија, Франција, Велика Британија и Холандија. Во вторникот глобалниот број на смртни случаи на коронавирус достигна 40.000, а САД, Кина и Иран се најлошо погодени меѓу неевропските нации.

Вирусот претставува поголема закана за луѓето со постоечки здравствени состојби и постари пациенти, што е очигледен фактор зошто релативно постарата популација на Европа страда повеќе од луѓето во помладите делови на светот. Сепак, многу средовечни и помлади луѓе, исто така, развиле сериозни симптоми./Makfax

Спонзорирано: