5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Трамп: САД ќе испратат медицинска опрема вредна 100 милиони долари во Италија

Претседателот Доналд Трамп најави дека Соединетите Држави ќе испратат вишок медицинска опрема во вредност од 100 милиони долари во Италија, но и во други европски земји за да им помогнат во борбата против новиот коронавирус.

Трамп на брифинг за коронавирус рече дека вчера разговарал на телефон со италијанскиот премиер Џузепе Конти.

Тој рече дека американските компании ќе го зголемат производството на респиратори, а вишокот ќе го испратат во Италија, Франција, Шпанија и други земји погодени од епидемијата.

Трамп повторно ги повика луѓето да останат дома, изјавувајќи дека најверојатно нема да прогласат строг карантин на национално ниво.

Мерките на ограничено движење, кои досега беа донесени на државно ниво, веќе опфатија повеќе од 70 проценти од Американците./Makfax

Спонзорирано: