13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТЗДРАВЈЕ

Што треба да правите ако имате температура 37,5 и ве гребе грлото – српски инфектолог има свои препораки

На вчерашната конференција за новинари доц. д-р Ивана Милошевиќ, заменичка директорка на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, одговорила на прашања на новинари, што треба да прават луѓето кои со денови имаат блага покачена температура и болка во грлото, односно симптоми кои кожат, а не мораат да укажуваат на коронавирус.

Прашањето на конференцијата гласело: „Што треба да прават пациентите кои ги гребе грлото и имаат температура 37,5?“

„Шна што потенцијалните пациенти треба да прават е пред се да се јават на матичниот лекар. Не смееме да заборавиме дека и матичните лекари се вклучени во дијагностицирање на коронавирусот. Пациентите за кои вие прашувате треба да се јават кај лекар од општа пракса, бидејќи немаат индикации за хоспитализирање, се враќаат дома и ќе бидат под контрола на надлежен епидемиолог“, рекла д-р Ивановиќ.

Спонзорирано: