17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Франција ќе побара мораториум за отплаќање на долговите на најсиромашните земји

Франција ќе бара мораториум за отплаќањето на долговите на најсиромашните земји, како дел од пакетот мерки за помош во борбата против кризата предизвикана од коронавирусот, најави францускиот министер за финансии.

Бруно Ле Мер рече дека ќе повика на „обемна и директна помош“ за земјите во развој за време разговоруте меѓу министрите за финансии од Групата 20 економски сили.

Ле Мер рече дека ќе предложи зголемување на посебните права за повлекување од Меѓународниот монетарен фонд и ќе предложи отворање на посебна кредитна линија.

„Исто така ќе апелираме за мораториум за долговите на земјите со најголем ризик“, им рече Ле Мер на новинарите./Makfax

Спонзорирано: