13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Еден од главните луѓе во Католичката црква заразен со коронавирус

Кардиналот Анџело де Донати, кој е викар во Рим и еден од најважните луѓе во Католичката црква, е заразен со коронавирус.

Според „Си-ен-ен“, Де Донатис бил примен во болницата со треска, но црковните власти велат дека тој е генерално во добра здравствена состојба.

„Јас сум мирен и самоуверен. Се препуштив на Бога, како и на молитвите и поддршката на сите вас“, рече Де Донати.

Папата Франциско го прогласи Де Донатис за кардинал во 2018 година, но познавачите на состојбите велат дека не се состанувале редовно. Исто така, локалните медиуми известуваат дека соработниците на кардиналот се во самоизолација заради превентива.

Во Италија, 101.739 луѓе се заразени со коронавирус, а досега починале 11.591 лица./Makfax

Спонзорирано: