12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСБИЗНИС

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните 20 години

Цената на американската нафта утрово падна на речиси 20 долари за барел веднаш по отворањето на пазарот, што е блиску до најниското ниво во последните 20 години.

Американската референтна вредност, позната како Вест Тексас интермедиејт, или кратенката WTI, достигна вредност од 20,60 долари за барел и падна за повеќе од шест проценти, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Брент, меѓународна референтна вредност, падна за шест проценти достигнувајќи вредност од 23,03 долари за барел, што е најниска цена од 2002 година.

Во Азија цената на нафтата е намалена 5,8 проценти, на 23,50 долари.

Цените на нафтата паднаа за повеќе од половина во изминатиот месец со затворање на пазарите во Европа и Северна Америка, што ја намали побарувачката за нафта.

Аналитичарите предвидуваат дека може да се изгуби четвртина од нормалното глобално трошење поради пандемијата со коронавирус./Makfax

Спонзорирано: