10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Србин незадоволен од забраната за движење упатил закани кон полицијата на „Фејсбук“

Српската полиција во Лесковац уапсила 34-годишен маж од околината на градот под сомнение дека им се заканувал на полициските службеници на „Фејсбук“.

Според српските медиуми, човекот на оваа социјална мрежа напишал дека ќе употреби сила против полицајците доколку го допрат за време на полицискиот час.

Осомничениот е обвинет за спречување службено лице во обид да изврши службени активности, соопштија од српското МВР.

Тие информираат дека младиот човек ќе биде изведен пред суд./Makfax

Спонзорирано: