5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Бројот на жртви од коронавирусот во Србија се искачи на 14О

Во Клиничкиот центар „Војводина“ денеска починала 80-годишна жена од Темерин, која е официјално 14-та жртва на новиот коронавирус во Србија.

Жената е четврта жртва на коронавирусот на територијата на Војводина.

„Станува збор за жена од Темерин, родена 1939 година“, изјави претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ.

Тој додаде дека на територијата на Војводина во моментот има 147 заразени со Ковид-19, а дека на Инфективната клиника во Клиничкиот центар „Војводина“ се лекуваат 42 лица.

Во Србија до вчера во 15 часот беа потврдени 741 заразен со новиот коронавирус, а според интернет-страницата „Ковид-19“, хоспитализирани се 356 заразени./Makfax

Спонзорирано: