13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Париз почина 16-годишно девојче, се верува дека е најмладата жртва во Европа

Џули починала вчера во Париз и таа е една од вкупно 1.696 жртви на коронавирусот во Франција. Мајка ѝ за АФП изјавила дека Џули имала блага кашлица пред една недела, а во саботата почувствувала и тешкотии со дишењето.

Шеснаесетгодишната Џули А. е најмладата жртва на коронавирусот во Франција, а се претпоставува дека е и најмладата жртва во Европа.

Таа била примена во болница и тестирана, при што се покажало дека е позитивна на коронавирусот. Нејзината состојба драстично се влошила за неколку дена и вчера починала.Џули живеела јужно од Париз. Нејзината сестра преку медиумите предупредила на фактите дека вирусот не е опасен само за постарите и болни лица.

„Од почетокот ни зборуваа дека вирусот не влијае силно на младите луѓе. Верувавме во тоа, како и сите други“, рекла мајката на Џули.

Според информациите, Џули ниту страдала од хронични болести и немала никакви здравствени проблеми, .

Спонзорирано: