15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Не запира трагедијата во Италија: Само денес 10 проценти повеќе мртви во однос на вчера, вкупно од почеток на пандемијата починале 10.000 лица!

Бројот на починати во Италија се згоелми за 889 лица, односно речиси десет отсто во однос на вчера, па така сега вкупната бројка на починати надмина 10.023 лица.

Бројот на новозаразени исто така не стивнува, па така до денес се регистрирани нови 5.974 новозаразени, а вкупната бројка достигна 92.472 лица.

Рекордот засега го држи САД, со 115.976 заразени лица од почетокот на пандемијата, а само во последните неколку часови се регистрирани нови 11.850 заразени лица и починале нови 239 луѓе, со што вкупната бројка изнесува 1935 починати лица до 18 часот и 30 минути по македонско време.

На светско ниво досега се заразиле 645.044, а починале 29.940 како резултат на коронавирусот.

Спонзорирано: