20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Британија: “Ќе биде добро ако има помалку од 20.000 мртви”

Ќе биде добро аако епидемијата на коронавирусот заврши со помалку од 20.000 мртви, вели Стивен Повис, директор на Националната здравствена служба на Велика Британија.

Тој на владината конференција за новинари рече дека сè уште не се исполнети сите единици за интензивна нега во Лондон и дека здравствените служби подготвуваат повеќе објекти за да примаат пациенти во критична состојба.

 

Каква е состојбата со коронавирусот во Британија?

Досега во Британија се регистрирани вкупно 17.089 случаи на корона вирус. Само денеска се “прокнижени” нови 2.546 случаи.

Според официјалните податоци на СЗО, само денес починале 260 лица, а вкупната бројка на настрадани од опакиот вирус е 1.019 до 23:59 часот/28 март 2020 година.

 

Премиерот Борис Џонсон и Принцот Чарлс меѓу заразените, Кралицата е добра

Премиерот Борис Џонсон пред само два дена соопшти дека е заразен од опасниот коронавирус и дека ќе биде во карантин во следниот период, но дека ќе продолжи да ја води државата.

Слична информација пред неполна недела стигна и од Принцот Чарлс, кој заедно со сопругата Камила се во изолација веќе неколку дена.

Кралицата Елизабета втора е во добра состојба и немала контакт со ниту една од горенаведените личности. Последно таа се сретнала со принцот Чарлс на почетокот на овој месец.

Спонзорирано: