Секогаш во средиштето на збиднувањата...

За 24 часа во Шведска 18 смртни случаи од коронавирус

Шведска забележа нагло зголемување на бројот на смртни случаи што може да го промени прилично опуштениот став на таа скандинавска земја во борбата против коронавирусот.

Во Шведска училиштата и рестораните сè уште се отворени, а некои епидемиолози дури ги охрабруваат граѓаните да излезат на сонце и свеж воздух.

Здравствените власти регистрираа 18 смртни случаи во текот на средата, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 62, во земја со околу 10 милиони жители. Позитивни на вирусот се 2.510 лица, од кои 176 се на интензивна нега.

Шефот на здравствената служба во Стокхолм, Бјорн Ериксон, изјави дека состојбата е лоша, неколку часа откако Андерс Тегнел од шведската агенција за јавно здравје на прес-конференција изјави дека ситуацијата е стабилна.

Во соседна Данска, владата планира да забрани собирање на група на повеќе од десет лица.

Во Финска, владата објави дека ќе воведе вонредна мерка за ограничување на движењето на граѓаните кон и од клучниот јужен регион на главниот град Хелсинки, за да се спречи ширењето на коронавирусот во другите региони.