Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во САД починаа над 1.000 луѓе од коронавирусот

Во САД починаа над илјада луѓе од новиот коронавирус.

Досега регистирани се 69.197 лица позитивни на вирусот, од кои 1.050 починале, а 619 се излечени.

САД е на третото место по бројот на заболени, по Кина и Италија.

Светската здравствена организација вчера предупреди дека Соединетите Американски Држави се на пат да станат следниот епицентар на коронавирусот.