11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Бугарија уште 23 лица се позитивни на коронавирусот, бројот на заразени достигна 243

Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани 23 заразени од новиот коронавирус, со што бројот на заразени лица достигна 243.

Венцислав Мутафџиски, началник на Оперативниот штаб за справување со Ковид-19, предложи продолжување на вонредните мерки до 12 април.

Бугарија размислува и за мерката карантин за секој кој пристигнува од странство, пренесе БГНЕС.

Од заразените лица, четири лица се во критична состојба, а состојбата на еден од пациентите е многу сериозна.

Во текот на вчерашниот ден биле тестирани 350 лица./Makfax

Спонзорирано: