15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Црногорските медиуми: Србите на граница ни запленија три респиратори

Три од пет респиратори нарачани од црногорскиот Фонд за здравствено осигурување од претставникот на шведскиот производител, чие седиште е во Белград, биле задржани од Србија на границата со Црна Гора и потоа биле запленети, пишуваат подгорички „Вијести“.

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сеад Чиргиќ, институцијата надлежна за снабдување медицинска опрема и материјали за потребите на црногорскиот здравствен систем потпишала договор со добавувачот за набавка на пет апарати, а порано биле испорачани два.

„Што се однесува до трите респиратори, не можеме да сметаме на нив затоа што тие беа запленети од Република Србија. Апаратите ги нарачавме од претставник на шведскиот производител на респиратори, со седиште во Србија. Но, со оглед дека е воведена забрана за овој вид опрема, испораката не е можна“, рече Чиргиќ за „Вијести“.

Ниту српското дипломатско претставништво во Подгорица, ниту црногорската амбасада во Белград не одговориле на прашањето за заплената на респираторите./Makfax

Спонзорирано: