9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Пораст на заразени со коронавирус во Јужан Кореја, повеќето се од странство

Во Јужна Кореја денеска се пријавени 104 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заразени сега изнесува 9.241, според податоците на корејскиот центар за контрола и превенција на болести.

Починале петмина, а земјата бележи вкупно 131 смртен случај од коронавирус.

Во земјата веќе 15 дена во континуитет има помалку од 200 пријавени нови случаи, според податоците на центарот, а што покажува размерно забавување на ширењето на заразата која почна кон крајот на јануари.

Бројот на случаи влезени од надвор, од 31 сега изнесува 131, а вчера е пријавена една третина од новите случаи. За сите пристигнати од Европа, кои остануваат во Јужна Кореја, земјата воведе двонеделен карантин и тестови без оглед на симптомите, со цел борба против увезени случаи на заразата.

Патниците кои пристигнуваат од САД од утре ќе мораат да останат две недели во карантин.

Земјата исто така ќе го забрани влезот на странците ако не инсталираат мобилна апликација за самоизолација, објави новинската агенција „Јонхап“. Таа апликација овозможува следење на движењето на мобилниот и почитување на мерката карантин./Makfax