Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Починаа уште две лица во Србија, коронавирус потврден кај 384 луѓе

Во текот на ноќта во Србија починаa уште двајца пациенти кај кои е потврден Ковид-19.

Станува збор за К. С. (80), кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а претходно страдал од кардиомиопатија, хипертензија, хронично белодробно заболување и дијабетес, пишува „Блиц“.

Во вториот случај се работи за жена Б.П., која била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш. Таа била на респиратор и под постојана грижа на медицинските тимови.

Според последните информации на српското Министерството за здравство, во Србија се регистрирани вкупно 384 потврдени случаи со Ковид-19./Makfax