11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Од овој момент САД е со најмногу заразени од коронавирус – Бројката драматично расте од минута во минута

САД ја надмина Кина во бројот на заразени од коронавирус и сега таму има 82.178 регистрирани заразени лица (бројка до 22 часот и 30 минути по македонско време).

Бројките во САД се менуваат од минута во минута, само денес таму се регистрирани нови 13.967 случаи до овој момент, а починале над 150 лица.

Досега во САД коронавирусот одзел 1.177 животи.

Кина која е втора по број на заразени од почетокот на пандемијата, но и земја со најмногу излечени пациенти и многу мал број на активни случаи на коронавирус. Така Кина има 81.285 лица кои имале коронавирус од почетокот на пандемијата, но потсетуваме дека таму излечени се дури 74.051 лице.

На трето место како што претходно објавивме е Италија со 80.529 заразени лица.

Спонзорирано: