12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

“ Некој си игра со здравјето преку лажни вести”

Фејсбук статус на Горан Сугарески:

Некој си игра со здравјето преку лажни вести. Ем шират паника во Прилеп ем си тераат партиски пресметки, додека сите државни и општествени капацитети се впрегнати во справување со пандемијата од “ Ковид 19”.
Слушнете ме добро!
Мене може да ме критикувате колку сакате, јас сум јавен службеник платен со народни пари и обврска ми е да трпам неосновани критики и да се бранам колку знам и умеам, но не го чепкајте моето семејство, кое не е ни криво ни должно за мојата политичка активност. Тешка лага е дека Центарот за јавно здравје во Прилеп предупредил присутни на некаква забава во “Порта” дека се потенцијално заразени од вирусот и треба да се самоизолираат. Ако не дај боже тоа беше вистина, менаџментот на Порта самиот прв ќе објавеше дека постои ризик за здравјето на посетителите, како општествено одговорни чинители и вредни угостители со образ и чест. Оваа пандемија еднаш ќе заврши, како и нашите политички кариери, ќе дојде време да се погледнеме во очи. Злобата никому не носи добро. Грев е кога луѓето преплашени за здравјето a некој да се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни! Баталете политика, вирусот не разликува ни етникум, ни вера, ни партиска припадност! Кругот е мал, а во него сме сите!

Спонзорирано: