10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Коронавирусот “коси” низ Италија и Шпанија – рекорден број на починати, САД се искачи на врвот на листата по број на заразени

Билансот на жртвите од коронавирусот во Шпанија уридва рекорди, само во изминатото деноноќие таму починале 498 лица, а вкупниот број на починати лица како последица на коронавирус е 4.145. Досега се заразени 56.197 лица.

Од опакиот вирус најсериозно погодена е Италија, која прокнижи 80.359 заразени, а само во последното деноноќие регистрирани се 8.165 случаи на коронавирус и 662 смртни случаи, со што бројката на починати лица од вирусот достигна рекордни 8.165 лица.

Само за потсетување во Кина, која досега беше најпогодена од коронавирусот бројот на заразени изнесува 81.285 лица, што само 500 повеќе од денешните бројки кои доаѓаат од Италија. Исто така во Кина имало 3287 смртни случаи од почетокот на пандемијата до сега, а во Италија вкупната бројка надмина 8.165 лица, односно 2,5 пати повеќе од Кина.

 

Лоши вести од Америка: САД ќе ги надмине сите за еден ден по број на заразени лица

Не се добри вестите ниту од Северна Америка, каде досега се заразени 75.069 лица, односно до 18 часот по македонско време се регистрирани речиси 7.000 нови случаи од почетокот на денов, а 53 нови смртни случаи.

Досега во САД починале 1.080 лица како последица на коронавирус.

Проценките се дека САД до крајот на денов ќе ја надмине и Италија и Кина по број на заразени лица од коронавирус, со оглед дека секој ден има по 10-12 илјади новозаразени.

Спонзорирано: