Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Како функционира шемата на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ или како да купите 150 респиратори за 500.000 евра?

Со половина милион евра се купуваат дури 150 респиратори! Можеби звучи крајно нелогично за толку малку пари да се купи толкава количина на стока која во моментов најбарана на светскиот пазар, но таквата логика се чини функционира само во светот на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми.

Создади лажна вест – пласирај ја преку партиска комуникациија – товите медиуми нека ја надградуваат

Токму така функционира шемата на ВМРО-ДПМНЕ во создавање, пласирање и експлоатирање на лажните вести. Најсликовите пример е последната „вест“ дека Јувентус со 500.000 евра ќе купува 150 респиратори.

Звучи невозможно? Не и во светот на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми. Одиме со ред:

1 Портпаролот на партијата Димче Арсовски објавува статус на Фјесбук со слика, извадок од статија од портал, каде што пишува „Јувентус собрал повеќе од пола милион евра за локалните болници кои ќе можат да купат 150 респиратори за болниите.“

2. Таков текст навистина постои во македонскиот интернет простор и е објавен на порталот ОфНет .

3. Порталот „Лидер“ го презема статусот на Арсовски и врз него прави текст со бомбастичен наслов „Вака Филипче и Владата крадат од набавката на респиратори.

 

Каде лежи лагата? 

Делот од текстот кој го искористил Арсовски а преземен од Офнет (портал кој често објавува преведени статии од светски медиуми), всушност е преземен и адаптиран од реномираниот британски медиум „Гардијан“ објавен пред 6 денови .

Да, таму навистина пишува дека меѓу другите и Јувентус собрал средства но кога се во прашање респираторите вистината е малку поинква.

Како што може да се прочита во текстот, „Гардијан“ повикувајќи се на информации од Јувентус, пишува дека „Ексор“ компанија на семејството Ањели (семејство сопственик и на Јувентус) е во процедура за набавка на 150 респиратори за италијанските болници.

(…while Juve announced the family holding company Exor is in the process of buying 150 artificial respirators for Italian hospitals…) делови од текст во Гардијан пред шест дена.

Тоа е огромна, драстична разлика од информацијата дека Јувентус со половина милион евра купува 150 респиратори. Дали е ова грешка во преводот и уредувањето на статијата знаат во редакцијата на ОфНет, но правењето лажна вест од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми е и тоа како очигледна.

 

Лажните вести во време на криза: рецепт за паника и хаос 

Ова е само една од секојдневните лажни вести кои се шират секојдневно а на кои често кумува опозицијата. Ширењето лани вести од политичка партија е загрижувачки, но многу позагрижувачки е тоа што тоа се прави во време на сериозна здравствена криза на глобално ниво, кога целата домашна јавност е хиперсензибилна. Таквото ширење лажни вести со ниската медиумска писменост создава простор за поткопување на довербата во системот, што во вакви околности е опасно бидејќи создаваат паника и хаос меѓу граѓаните.

Затоа е важно секој граѓанин да се информира правилно и навремено да ги препознава и разоткрива лажните вести, кои освен некој клик повеќе на некои портали, не носат ништо добро никому.