13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Италија со драматичен број на смртни случаи за 24 часа – лоши вести од Шпанија и Франција, додека Германија најдобро се носи со вирусот

Не стивнува пандемијата на коронавирус во Италија.

Нови 6,203 случаи се регистрирани на опасниот вирус во последниве 24 часа, а починале нови 712 лица, со што вкупната бројка на починати се искачи на 8.215 луѓе, што ја става Италија на прво место според смртност во споредба со број на заразени, но воопшто Италија е земја најтешко погодена од пандемијата, бидејќи нешто повеќе од третина сите смртни случаи поради коронавирус во Светот, се токму во Италија.

Бројот на заразени се искачи на 80.589 лица.

Сега на прво место е Кина со 81.285 заразени лица, но од нив оздравеле 74.051 лице, а има само 3947 активни случаи на коронавирус.

На второ место се САД, каде за неполн ден се регистрирани нови 12.643 случаи, а вкупната бројка изнесува 80.854 лица до 21 часот и 20 минути според македонско време.

На трето место е Италија.

Лоши вести стигнуваат и од Шпанија и Франција кои во моментов се епицентар на пандемијата во Европа.

Во Шпанија за 24 часа се регистрирани нови 6.682 случаи на коронавирус и 498 смртни случаи, со што вкупната бројка изнесува 56.197 заразени и 4.145 мртви, што ја прави втора во светот по смртност од коронавирусот и со најмногу жртви, веќе ја надмина и Кина, а и’ се ближи на Италија.

Изненадувачки страотни бројки стигнуваат и од Франција каде за 24 часа се регистрирани рекордни 365 смртни случаи што е рекорден ден од почетокот на пандемијата во оваа земја. Таму регистрирани се нови 3.922 случаи на коронавирус и во моментов има вкупно 29.155 случаи.

По се изгледа од големите и моќни земји најдобро се држи Германија, каде има регистрирано рекордни 6.323 случаи на коронавирус во последните 24 часа, но само 33 смртни случаи, што е далеку и драматично пониска бројка во однос на другите земји.

Во Германија досега се регистрирани 43.646 случаи на коронавирус, а починале само 239 лица, за разлика од пример Шпанија каде се регистрирани 56.197 случај, а починале неверојатни 4.145 лица.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Крадци во Франција со години ограбувале патници во возовите

M T