15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Гевгелиското обвинителство побара парични казни за девет лица

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Чертворица од нив, допатувале на 18 март во Република Северна Македонија од Грција, Турција и Бугарија, како земји со среден или висок ризик за зараза, согласно Листата на Светската здравствена организација. При влез во земјата биле запознаени со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус – COVID-19 и потпишале изјави за самоизолација. При извршена проверка од страна на полициски службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во престојувалиштата каде требало да ја извршат должноста за самоизолација, со што ја прекршиле дадената мерка и го сториле кривичното дело. Обвинителството за секој од обвинетите предложи на судот да им бидат изречени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Пет лица во Гевгелија ја прекршиле Одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден. Тие во одделни настани биле затекнати како управуваат или патуваат со возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар. ​За секое од петте обвинети лица обвинителството предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.​/Makfax

Спонзорирано: