19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Западна Австралија масовно се купува алкохол, властите воведоа ограничување

Државата Западна Австралија најави ограничување на продажбата на алкохол, за превентивно да се спречи порастот на проблемите врзани со алкохол, кои би ги трошеле ресурсите на полицијата и итните служби и дополнително би го оптовариле здравствениот систем.

Со ограничувањата, секој човек ќе може да купи најмногу два производа во комбинација: кутија пиво, мешан алкохолен пијалак, кутија со три шишиња вино, еден литар жесток алкохолен пијалак или еден литар ликер.

Ова е прва држава во Австралија која ја ограничи продажбата на алкохол.

„Непридржувањето до овие услови може да резултира со казни“, соопшти Здружението на продавачи на алкохолни пијалаци на Западна Австралија.

Властите велат дека ограничувањата се насочени кон намалување на купувањето и проблемите врзани со алкохолот во моменти на криза поради пандемијата со коронавирусот. Мерката ќе почне да се применува од денеска на полноќ, по локално време, ќе трае две недели, а може и ќе продолжи./Makfax

Спонзорирано: