13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

(Видео) Путин посети болница со заболени од коронавирус и разговараше со нив

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја посети болницата во Комунарки, предградие на Москва, во која е сместен најголем број заболени со коронавирусот.

Тој облечен во заштитно одело прошета во неколку одделенија, разговараше со еден од пациентите и ја надгледуваше работата на персоналот. Исто така разговараше и со главниот доктор на болницата.

За време на неговата посета, портпаролот Дмитриј Песков и` го дал телефонот на една медицинска сестра за да го снима претседателот Путин. Потоа, побарал од сестрата да го уништи уредот.

„Снимајте, немојте да се срамите“, рекол Песков и и` рекол да му ја испрати снимката.

Тој објаснил дека во телефонот имало само еден контакт.

„Телефонот оставете го кај себе и потоа уништете го“, рекол портпаролот на Кремељ.

Како што се наведува, таквите мерки се преземени за да не се дезинфицира телефонот.

Спонзорирано: