Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Тачи за преговорите со ЕУ: Одлуката е важен чекор за земјите, за Албанците и за целиот регион

Одлуката на Советот на министри на Европската Унија за отворање преговори за Албанија и Северна Македонија е важен чекор кон европската интеграција за овие две земји, за Албанците и за целиот наш регион, смета претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Тој на социјалните мрежи напиша дека и покрај постојаните неправди, конечно Европската Унија почнала да донесува одлуки засновани на желбата за еднаков третман кон сите држави од Западен Балкан.

За жал, вели Тачи, Европската Унија продолжува да го дискриминира Косово оставајќи го само и сè уште без статус на членство на земја кандидат.

„Ова е најголемата стратешка грешка што Европската Унија ја прави против Косово“, додава Тачи во објавата на социјалните мрежи./Makfax