Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Силен земјотрес ја погоди источна Русија, предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер денеска го погоди истокот на Русија кај Курилските Острови, а регионалните власти издадоа предупредување за цунами.

Локалното население е евакуирано во повеќе делови на островот, поради опасност од цунами. Нема информации за материјална штета и жртви.

Американскиот Геолошки институт соопшти дека земјотресот бил во морето, северно од Јапонија и источно од Русија, на длабочина од 59 километри.

Епицентарот на потресот бил југозападно од градот Северно-Курилска, на островот Парамушир, каде се почувствувал и земјотресот./Makfax