10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Руски епидемиолог предупредува: Постојат три можни сценарија во борба со коронавирусот

Пандемијата коронавирус во најдобар случај ќе опадне за време на летото, а во најлош случај ќе остане во Русија уште една сезона, рекол рускиот епидемиолог од Далекуисточниот федерален универзитет Михаил Шчелканов за телевизијата „НТВ“.

„Најдоброто сценарио подразбира дека со доаѓањето на летниот период нашите европски и американски колеги сепак ќе успеат да ја одржат ситуацијата под контрола и да го спречат ширењето на епидемиллошкиот бран. Тоа би било сјајно“, рекол тој.

Епидемиллогот оценува дека умереното сценарио може да изгледа така што коронавирусот би се задржал во светот уште една сезона, а „жариштето на заразата во Европа би морала да се стави во карантин со големи напори“.

Тогаш, според неговот мислење, Кина би била принудена да ги затвори границите со САД и ЕУ, доколку ситуацијата кај нив се стабилизира.

„Најлошото сценариот, кога навистина цела планета би била зафатена од епидемијата, подразбира следната зима да ја дочекаме со врвот од епидемијата на цела територија на Русија“, изјавил експертот.

Покрај тоа, Шчелканов истакнал дека рускиот систем за биолошка безбедност веќе го решил главниот проблем така што го одлоѓил доаѓањето на новиот вирус во земјата најмалку 2 месеци. Таквите мерки овозможиле развивање на тестирањето, правење страгедии за наредни чекорив, воспоставување на оперативни соработки и создавање стратешки резерви.

Во Русија со коронавирус се заразени 495 лица, а 22 оздравеле.

Спонзорирано: