15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Русија е подготвена да им помогне на САД со коронавирусот

Русија е подготвена ако е потребно да им помогне на САД во борбата против коронавирусот, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Шпекулациите за неуспехот на нашиот дијагностички систем се неприфатливи. Особено што ги коментираат лица кои се претставуваат како експерти во здравството. Нашите тестови се покажаа со висок квалитет во Кина и Иран и сега се пренесени во Италија“, рекол Антонов.

Рускиот амбасадор истакнал дека пандемијата на коронавирусот претставува глобална закана која бара заеднички одговор./Makfax

Спонзорирано: