9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓачи држат 150 верници во храм во Кабул

Вооружени напаѓачи држат како заложници околу 150 припадници на заедницата сикха, откако го нападнале нивниот храм во Кабул, изјавил член на парламентот кој ја претставува заедницата, Нарендер Синг Калс.

Тој рекол дека поголем дел од заложниците се жени и деца, кои се собрале на утринска молитва. Досега не се слушнати експлозии или пукање од храмот, додал тој.

Во меѓувреме, портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Ариан, изјавил дека местото за богослужба го нападнале дури четворица бомбаши самоубијци, како и дека во тек се обиди да се стави под контрола ситуацијата.

Талибанците негирале вмешаност во инцидентот.

Сикхи во Авганистан се верско малцинство и во минатото биле изложени на целни напади./Makfax

Спонзорирано: