19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Четврта жртва на коронавирус во Србија

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, потврди денеска дека починала жена на возраст од 60 години од последица на зараза од коронавирус, пренесува Б92.

Ова е четврта жртва на коронавирусот во Србија.

Лончар за РТС изјавил дека жената била долгогодишен нерегулиран дијабетичар и дека починала вчера во попладневните часови.

„Таа беше на респиратори од 21 март, тешка форма, лекарите се бореа, но, за жал, не успеаја да помогнат“, рекол Лончар.

Тој апелира до граѓаните да бидат без контакти, во своите домови и да ги слушаат советите на експертите.

„Да не доаѓаме во оваа ситуација, тоа е единствениот начин“, додава Лончар.

До вчера на респиратори биле 21 лице, а Лончар вели дека се работи за тешки пациенти и дека немало поважни промени до утрово.

Во врска со двете бебиња кои се заразени со коронавирус, Лончар рекол дека тие се во стабилна состојба и без никакви проблеми./Makfax

Спонзорирано: