11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Владата интервентно набавува заштитни маски

Владата денеска усвои и Уредба со законска сила за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (covid-19) за време на вонредна состојба, според која, Законот за јавните набавки (“Сл.Весник на РМ бр.24/19) ќе се применува за време на постоење на вонредната состојба.

Со оваа Уредба (Член 2) со законска сила се уредува прашањето за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од КОРОНА ВИРУСОТ (COVID-19) за време на вонредна состојба во Република Северна Македонија.

Во Член 3 се вели дека:

(1)Владата на Република Северна Македонија ќе спроведе интервентна набавка на минимум 2000 заштитни маски дневно за потребите на Република Северна Македонија од домашни производители.

(2) Интервентна набавка на заштитни маски може да биде со материјал погоден за производство на заштитни маски на економскиот оператор или со материјал погоден за производство на заштитни маски обезбеден од Владата на Република Северна Македонија.

(3) Предмет на набавката ќе биде производство, пакување и дистрибуција до институции кои имаат потреба од заштитни маски.

(4) Економските оператори треба да ги исполнуваат следните услови и тоа:

– Испорака на минимум 2000 маски дневно;

– Испораката ќе се врши за период на траење на вонредната состојба;

– Единечна цена по маска 40 денари плус ДДВ со материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор;

– Единечна цена по маска од 25 денари плус ДДВ за материјал обезбеден од страна на Владата на Република Северна Македонија;

– Материјалот обезбеден од страна на Владата на Република Северна Македонија ќе биде доделен на еден економски оператор кој ги исполнува условите, а доколку се јават повеќе економски оператори кои ги исполнуваат условите ќе се спроведува јавно наддавање, а договор ќе се склучи со економски оператор кој ќе понуди најниска единечна цена;

– За материјалот од кои ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се поседува соодветен Сертификат за квалитет издаден од страна на овластена лабораторија.

Член 4 од Уредбата со законска сила за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (covid-19) за време на вонредна состојба утврдува:

(1) Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе објави јавен повик за набавка на заштитни маски.

(2)Право на учество на јавниот повик ќе имаат сите домашни производители кои ќе ги исполнат условите од членот 3 на оваа Уредба со законска сила.

(3) Јавниот повик за набавка на заштитни маски ќе трае 24 часа од моментот на неговото објавување.

(4) Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија ќе формира Комисија од 3 члена за оценка на пристигнатите понуди по објавениот јавен повик.

(5)Најдоцна во рок од 2 дена од денот на завршувањето на јавниот повик, Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија по доставен Извештај од Комисијата, до Владата на Република Северна Македонија ќе достави предлог за склучување на договор за набавка на заштитни маски со добавувач кој што ги исполнува условите од објавениот јавен повик.

(6) Со Договорот за набавка на заштитни маски ќе се уредат односите помеѓу Владата на Република Северна Македонија и избраниот економски оператор во однос на количината на набавката, квалитетот, времето и начинот на испораката, единечната цена, роковите за испорака, роковите за исплата на договорената цена како и други прашања кои се од значење за уредување на меѓусебните односи.

(7) Исплатата на договорените испорачани заштитни маски ќе се врши преку Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Спонзорирано: