4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Кина на 8 април ќе ја укине изолацијата на Вухан

Кина најави дека на 8 април ќе ги укине мерките на изолација во Вухан, градот во епицентарот на пандемијата на коронавирус, со што ќе се одбележи значајна пресвртница во битката против смртоносниот вирус.

Ваквата мерка доаѓа по повеќе од два месеца откако градот за првпат беше запечатен од надворешниот свет, поради неверојатно брзото ширење на вирусот. Слични мерки кои беа воведени за изолација ќе бидат укинати утре и во другите градови во провинцијата Хубеи, каде главен град е Вухан, објавија властите.

Олеснувањето на патните ограничувања следи по значителното намалување на новите инфекции во Хубеи, при што новите случаи се сведоа на нула за пет последователни дена од 19 март, за разлика од илјадниците нови дневни случаи кои беа регистрирани во екот на епидемијата во февруари. Денеска беше пријавен еден нов случај во Вухан, заразен е лекар во општата болница во Хубеи.