21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На 14 пунктови ќе се земаат брисеви за тестирање за коронавирус

Од денеска почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус во целата земја. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“.

„Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алгоритам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари, тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите, односно граѓаните прво до дијагностика, а потоа и до спроведување и извршување на тестовите“, најави вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

Повикувачкиот центар е веќе во функција од викендот и тој за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето./Makfax

Спонзорирано: